Технологија
Ауди го претстави електричниот A2 Е-Трон
Поповеќе од две децении од прекинот на производството на оригиналниот модел, Ауди го враќа A2 на автомобилската сцена, но овој пат во целосно електрично издание наречено A2 Е-Трон. Новиот модел го задржува неконвенционалниот дух на својот претходник, ставајќи го главниот фокус на практичноста, напредната аеродинамика и максималната ефикасност. Дизајниран е како компактен хечбекчиј дизајн му овозможува коефициент на отпор од само 0,24, што го прави еден од најаеродинамичните модели во својата класа.
И покрај компактните надворешни димензии, внатрешноста нуди простор и комфор својствени за возила од повисоките класи. Кабината е опремена со 11,9-инчен дигитален инструмент-кластер за возачот и заоблен 12,8-инчен централен екран за мултимедијалниот систем. Багажникот нуди основен капацитет од 396 литри, кој со склопување на задните седишта се зголемува до 1.336 литри.
Достапен е со четири нивоа намоќност и три различни капацитети на батеријата, при што сите верзии се заден погон. Основниот модел располага со батерија од 52 кВтч и мотор со 168 коњски сили, кој овозможува забрзување до стотка за 8,8 секунди и автономија од околу 423 километри според WLTP стандардите. Втората опција комбинира батерија од 61 кВтчсо 187 коњски сили за домет од околу 515 километри и забрзување за 7,9 секунди. За оние што бараат најголем радиус на движење, верзијата со поголема батерија од 84 кВтч и моторсо 228 коњски сили нуди домет од дури 645 километри со едно полнење. На врвот на понудата се наоѓа и зведбата со истата батерија од 84 кВтч, но сомоќност од 322 коњски сили, која забрзува од место до сто километри на час за 5,7 секунди и развива максимална брзина од 200 километри на час, нудејќи домет од околу 629 километри.
Системот за брзо полнење поддржува моќност до 183 kW, што овозможува дополнување на батеријата од 10 до 80 проценти за период меѓу 24 и 29 минути. Дополнително, автомобилот поддржува и технологија за двонасочно полнење, овозможувајќи му на возилото да напојува надворешни уреди или да враќа енергија во домашната мрежа. Цената на новиот Ауди A2 Е-Трон во Германија започнува од 38.350 евра за основниот модел, додека цените за посилно опремените верзии надминуваат 50.000 евра.
септември 15, 2026
