Живот
Истражување: По повеќе од еден век откриен нов вид дива мачка во регионот Јунгас, Боливија
Во регионот Јунгас во Боливија, по повеќе од еден век, научниците идентификувале нов вид дива мачка од родот „Leopardus tilcayo“. Според нив животното припаѓа на видот, северна тигреста мачка, (Leopardus tigrinus), но, новата студија покажала дека родот генетски се одвоил од другите видови од „Leopardus“ пред околу 1,4 милиони години.
Името „tilcayo“ потекнува од локалниот назив „tilkayo“, користен од домородното население. Описот за новиот вид е според две живи единки, едната фатена и фотографирана во дивината, додека мажјакот, со прекар Тигрино, е во резерватот за диви животни Сенда Верде во Боливија веќе десет години и служи како примерок за споредба на видот.
„Leopardus tilcayo“ е мала, шарена, дива мачка со тежина меѓу 1,5 и два килограми и должина до околу 50 сантиметри без опашката, која е долга околу 25 сантиметри. По својот изглед, животното потсетува на оцелот и маргај, со кои споделува дел од карактеристиките вообичаени за малите мачки од родот „Leopardus“.
– За да утврдиме колкава е распространетоста на овој вид мачка, мораме да направиме дополнителни теренски истражувања, со оглед дека засега имаме само две живи единки, а со тоа да ги дознаеме и нивните навики, како и снаоѓањето во природата, велат експертите.
Последен пат, во 1923 година била идентификувана и опишувана уругвајската пампас мачка.
септември 19, 2026
