Кошарка
Реал го освои Суперкупот на Евролигата
Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија првиот Суперкуп на Евролигата, откако го победија Олимпијакос вечерва во Абу Даби во финалето со резултат 93:89.
Реал претходно го совлада домаќинот Дубаи во полуфиналето по продолжение и пресврт, кој исто така беше поразен од Фенербахче во натпреварот за третото место.
Најзаслужен за победата на Реал беше Андрес Фелиз. Плејмејкерот од Доминиканската Република го заврши натпреварот со 11 поени, три скока и четири асистенции, а го постигна и решавачкиот кош во финишот, со што Реал поведе со четири поени предност на девет секунди до крајот.
Голем придонес за триумфот на Реал имаа и Тимоти Лувава-Кабаро со 12, Хаиме Прадиља со 11, Микаел Јантунен со 11 и Тео Маледон со 10 поени.
Во поразениот тим се истакна Саша Везенков. МВП-то на Евролигата од минатата сезона го заврши натпреварот со 22 поена.
Првото коло од Евролигата е закажано за четврток и петок.
септември 20, 2026
