Свет
Германската полиција ја истражува смртта на заменикот на баварскиот премиер
Германската полиција соопшти дека ја истражува изненадната смрт на Хуберт Ајвангер, заменик-премиер на сојузната покраина Баварија и лидер на помала конзервативна партија, чие тело синоќа беше пронајдено во хотелска соба во Берлин.
„Целта на истрагата е да се утврди точната причина за смртта и околностите под кои дошло до неа, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трето лице во смртта“, се наведува во соопштението на берлинската полиција и државното обвинителство.
Тие не изнесоа повеќе детали.
– Изненадната смрт на Хуберт Ајвангер е ужасна трагедија. Сите сме длабоко потресени – изјави баварскиот премиер Маркус Седер во соопштението објавено на интернет-страницата на баварската влада.
Ајвангер (55), кој исто така ја вршеше функцијата баварски министер за економија и беше на чело на партијата „Слободни избирачи“ престојуваше во Берлин повод отворањето на партиски канцеларии во германската престолнина, но на настанот не се појави бидејќи се чувствувал лошо, јави весникот „Билд“.
Партијата „Слободни избирачи“ на Баварија од 2018 година учествува во коалициската влада со конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ).
ноември 5, 2026


