Connect with us

Ракомет

Комплетирано второто коло во ракометната Лига на шампионите

Со одигрувањето на шесте натпревари синоќа беше комплетирано второто коло од групите од ракометната Лига на шампионите. Во групата Б каде игра и македонскиот првак Вардар, полската екипа Висла постигна победа од 25:24 против бундеслигашот Мелсунген. Токму Висла во следното коло ќе гостува во Скопје.

Европскиот првак Барселона оствари минимален триумф од 28:27 на гостувањето кај француски Монпеље.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Цеље – Алборг 26:26, Криенс – Магдебург 29:39, Порто – Партизан 32:28 и Скандерборг – Динамо Букурешт 25:25.

По два натпревара максимален учинок имаат шест екипи: Веспрем, Нант, Спортинг, Барселона, Магдебург и Киелце.

Дуелите од третото коло се играат на 7 и 8.октомври.