Connect with us

Сервисни информации

Променливо облачно и свежо време до крајот на седмицата, во петок дожд

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време, со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.

Според УХМР, утре минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 15 до 25 степени.