Свет
Навроцки вторпат стави вето на предлог-законот за контрола на содржините на интернет
Претседателот на Полска, Карол Навроцки денеска стави вето на предлог-законот, со кој ќе им се овозможи на регулаторите да одлучат дали одредена содржина на интернет е нелегална и да наредат нејзино блокирање.
Навроцки вторпат го блокира предлог-законот поврзан со спроведувањето на Европскиот закон за дигитални услуги. Тој стави вето и во јануари на претходната верзија.
Според него, предлог-законот им дава прекумерни овластувања на државните службеници да ги контролираат мислењата на интернет.
Не е работа на државниот службеник да одлучува дали одредена содржина претставува кривично дело или не. Тоа е исклучителен прерогатив на независните судови, наведе Навроцки.
Предлог-законот беше изгласан во Долниот дом на полскиот парламент и предвидува регулаторите да наредат блокирање на интернет содржина, вклучително и за упатување кривични закани и поттикнување насилство. Одлуките на регулаторот ќе можат да бидат обжалени на суд.
Навроцки досега има ставено вето на 48 владини закони.
ноември 14, 2026

