Технологија
„Антропик“ го потпиша првиот договор за закуп на дата-центар во Австралија
Американската компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ го потпиша првиот договор за закуп на дата-центар во Австралија, што би почнал со работа во 2027 година.
Предвидено е податочниот центар на „Антропик“ да биде сместен на земјоделско земјиште на 250 километри од Бризбејн и да има вкупен капацитет од 2,16 гигавати, што би бил најголем дата-центар во светот.
Конкурентот на „Антропик“, „ОпенАИ“ минатата година купи дата-центар во Сиднеј.
Компаниите се обидуваат да обезбедат енергија и простор во Австралија, која се промовира како евтина алтернатива на заситените пазари во САД и Азија.
септември 17, 2026
