Останати спортови
Полска прв четвртфиналист на Евроволеј 2026
Одбојкарите на Полска ќе играат во четвртфиналето на Европското првенство 2026, откако попладнево во Софија славеа убедлива победа над Летонија со 3:0.
Првото осминафинале на Евроволеј помина без неизвесност и во доминација на фаворитот. Резултатот по сетови: 25:17, 25:16 и 25:16.
Во второто осминафинале од 18 часот исто така во Софија се среќаваат германија и ко-домаќинот на првенството Бугарија.
Утре во бугарската престолнина ќе се соочат олимпискиот првак Франција и Португалија, додека Украина игра со Романија. На 20 септември ќе се играат и два осминафинални натпревари во Торино кога Италија ќе ја пречека Данска, додека Финска игра со Грција.
Осминафиналето ќе финишира на 21 септември со средбите меѓу Белгија и Чешка, односно Словенија и Србија во Торино. Победниците од овие дуели продолжуваат во четвртфиналето, кое исто така се игра во Софија и во Торино
септември 20, 2026
