Фудбал
Меси се искачи на второто место за најмногу голови од слободни удари во историјата
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна гол од слободен удар во натпреварот одигран ноќеска во МЛС лигата против Сан Диего (2:2).
Триесет и деветгодишниот Аргентинец се искачи на второто место за најмногу голови од слободни удари во историјата на фудбалот, со 75. Меси го надмина Бразилецот Жаир (74).
Марселињо Кариока (Бразил) е прв со 78 гола, Роберто Динамите (Бразил) е четврти со 73 гола, а во ТОП 5 е Хунињо Пернамбукано (Бразил) со 72 гола.
Меси го постигна својот 930. гол во 1.176 професионални натпревари. Аргентинецот има и 424 асистенции.
септември 21, 2026
