Connect with us

Фудбал

Арбелоа ги обвини судиите за пристрасност по ремито со Манчестер јунајтед

Тренерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е убеден дека судиите не сакале Манчестер јунајтед да изгуби во 5. коло од Премиер лигата, по скандалот со дербито на Манчестер една недела претходно.

Во 4. коло, „Црвените ѓаволи“ загубија со 1:0 дома од Манчестер сити. Подоцна, „Про Реф“, организацијата одговорна за професионалните судии во Англија, призна грешка во ВАР системот со дозволувањето на голот на напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд.

– Сите фаули беа во нивна корист. Секоја одлука беше во нивна корист. И јас го знаев тоа. Знаев по натпреварот со Сити дека овде нема да биде дозволено Јунајтед да изгуби. Ние заслуживме повеќе. Бевме толку блиску. И повторно, немавме малку среќа. Знаевме дека ќе биде тешко против толку голем тим. Исто така, знаевме што се случи минатата недела. Видовме како судиите работеа целиот натпревар, па затоа беше тежок натпревар. И немавме среќа, изјави Арбелоа за „Скај Спортс“.

Фулам и Манчестер јунајтед вчера одиграа нерешено 1:1. Гостите од Манчестер се спасија од пораз со гол во финишот на натпреварот.