Connect with us

Свет

Меланија Трамп апелира за траен прекин на огнот во Украина

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на денешната прес-конференција одржана во Белата куќа во присуство на руски и украински претставници, апелираше за „траен“ прекин на огнот во Украина.

– Сега мора да покажеме храброст како што покажавме во Олешки за да најдеме заедничка основа. Заедно можеме да постигнеме нешто потрајно од привремен прекин на огнот. Се надевам дека Олешки ќе биде инспирација за поширок мир. Секоја вистинска промена започнува со мала искра, наведе Меланија Трамп.

Хуманитарното примирје во Олешки беше постигнато со посредување на првата дама на САД. Таа истакна дека прекинот на огнот во Олешки не би бил можен без рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Володимир Зеленски.

– Нивната соработка претставува значаен преседан за мир во регионот, посочи Меланија Трамп.

Украинскиот преговарач Давид Арахамија наведе дека благодарение на примирјето, „се создава динамика во која двете страни учат мали механизми кои, во пракса, овозможуваат зачувување на мирот“.

– Во име на претседателот Путин и во име на народот на Руската Федерација, сакаме да ѝ се заблагодариме на првата дама Меланија Трамп за нејзината исклучителна улога во решавањето на хуманитарната ситуација во Олешки, истакна рускиот претставник Кирил Дмитриев.

Примирјето, што траеше шест дена и заврши во недела навечер, овозможи евакуација на жителите на градот лоциран на фронтовската линија во Херсонската област, кој со месеци се справуваше со недостиг на основни потреби.

Тоа е најдолгото примирје од почетокот на руската инвазија на Украина, што почна на во февруари 2022 година. Ниту Киев ниту Москва не пријавија прекршување на тој договор, за разлика од претходните делумни примирја.

Ad
Ad