Фудбал
Интер избегна пораз од Рома во дербито на колото во Серија А
Рома и Интер ремизираа 2:2 во петтото коло од италијанската Серија А.
Натпреварот се одигра вечерва во Рим. Домаќините постигнаа два неодговорени гола во првото полувреме, двата беа дело на Ману Коне. Французинот постигна гол во 6. и 37. минута.
Интер успеа да израмни во второто полувреме. Лаутаро Мартинез го намали дефицитот на гостите во 46. минута, а својот втор гол го постигна во 79..
Двата тима имаат по 13 бода од првите пет кола и се на водечките две позиции на табелата во Италијанското фудбалско првенство.
септември 20, 2026
