Connect with us

Промо

Награди за најдобрите идеи: НЈСК Холдинг распиша конкурс за редизајн на логото

НЈСК Холдинг слави 10 години! 🥳

Оваа година одбележуваме значаен јубилеј – 10 години успешно работење на НЈСК Холдинг. Во изминатата деценија, со посветеност, иновации и високи стандарди, изградивме компанија која претставува синоним за квалитет и професионалност.

НЈСК Холдинг е првата домашна лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, прва е со добиена европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди, и е првиот македонски извозник на сув цвет од канабис. Нашата мисија е преку иновации и одговорен пристап да придонесеме кон развојот на оваа индустрија и да создадеме производи со највисок квалитет.

По повод нашиот јубилеј, сакаме заедно со вас да започнеме ново поглавје и затоа со големо задоволство го објавуваме Конкурсот за редизајн на логото на НЈСК Холдинг коешто ќе ја одбележи нашата 10 годишнина.

Ги покануваме сите креативци, графички дизајнери и љубители на дизајнот да ја претстават својата визија преку современ, препознатлив и автентичен визуелен идентитет кој ќе ги отсликува нашите вредности, нашата дејност и нашата визија за иднината.

🏆 За трите најдобри дизајни ќе бидат доделени награди!

📅 Краен рок: 10 август 2026 година

📩 Вашите предлози испратете ги на: konkurs@nyskholdings.com

Со нетрпение очекуваме да ја видиме вашата креативност. Можеби токму вашиот дизајн ќе биде дел од нашата приказна во годините што следуваат.

Ви посакуваме многу успех и инспирација! 🍀

НЈСК Холдинг