Општини
Десетина пожари во Кумановскиот Регион, гореле сува трева и стрништа
Кумановските пожарникари вчера интервенирале на десет пожари на различни локации во поширокиот Кумановски Регион. На девет места горела сува трева и стрниште, информираа денеска ТППЕ Куманово и РЦУК Куманово.
Вчера избувнал пожар во село Оризаре, општина Липково, зафатено било сува трева и стрниште. Кумановските пожарникари интервенирале во Пчиња, каде горела сува трева. Во текот на денот пожари имало и во Опае и во село Руѓинце. Во двете села била зафатена сува трева исто и во Долно Којнаре во близина на ученичкиот дом. Пожар имало и во Слупчане, Черкези, Табановце. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале и на пожарот кој од Руѓинце се проширил кон село Бељаковце каде била зафатена сува трева, дрва и стар објект. Покрај трите екипи на ТППЕ Старо Нагоричане, интервенирале и кумановските пожарникари. Пожарот е изгаснат.
Кумановските пожарникари интервенирале и во центарот на Куманово на опожарен оџак.
септември 21, 2026
