Свет
Лекорни: Киберзаканата е на невидено ниво, нема индикации дека ситуацијата ќе се подобри
Францускиот премиер Себастијан Лекорни предупреди дека државата е на удар од сериозни киберзакани и нема индикации дека ситуацијата ќе се подобри.
Францускиот премиер одржа меѓуминистерски состанок за кибербезбедноста по бројните напади што ги таргетираа француската администрација и бизнисите во изминатите месеци. Тој рече дека Франција е меѓу првите што биле изложени на такви напади, но дека сега тоа влијае на голем број европски земји, што укажува на системски и глобален проблем.
Лекорни оцени дека зад нападите стојат држави, но и киберкриминалци мотивирани од профит или милитантни и симболични цели.
Винсен Струбел, директор на Националната агенција за безбедност на информациските системи, исто така оцени дека интензитетот на нападите е без преседан.
За да се зајакне кибербезбедноста на земјата, владата воведе обврска за министерствата да издвојат најмалку пет проценти од своите дигитални буџети за заштита, од 2027 година, а десет проценти до 2030 година. Синџирите на супермаркети, Генералниот директорат за јавни финансии и филијалите на Поштата беа цел на кибернапади во Франција во изминатите недели.
ноември 20, 2026


