Општини
Oбука за деловен интегритет: Зајакнување на антикорупциските капацитети на малите и на средните претпријатија
Во Кочани денеска се одржува специјализирана обука за деловен интегритет под наслов „Воведување на деловен интегритет: Корупциски ризици, антикорупциски службеник и етичка рамка“. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Business with Integrity“ и 3C Consulting, со кофинансирање од Европската Унија и Фондацијата Конрад Аденауер, информира Општина Кочани.
Обуката, според информацијата, е наменета за претставниците на малите и на средните претпријатија и има цел да ја подигне свесноста за корупциските ризици, да се воспостават етички стандарди и практично зајакнување на деловниот интегритет во локалниот бизнис-сектор.
Во воведното обраќање, градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов, ја истакнал клучната улога на локалната самоуправа и на приватниот сектор во градењето транспарентно општество.
– Општина Кочани ги поддржува сите иницијативи што водат кон повисоки етички стандарди и конструктивна соработка меѓу локалните власти, бизнис-заедницата и експертите. Само со заеднички сили и подготвеност за промени можеме да создадеме деловна клима заснована на доверба и чесност – истакнал градоначалникот Грозданов.
ноември 19, 2026


