Вести
Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал
Сомнеж за еколошки криминал во Макстил. Полицијата влезе во фабриката на македонскиот производител на челик. Според информации на Алфа се вршат проверки на безбедноста на почвата и одредени суровини. Активностите ги спроведува единицата за криминал и корупциија при СВР Скопје по наредба на јавен обвинител.
-По добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје, се врши контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторено кривично дело од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите, соодветно ќе ја известиме јавноста“, соопштија од МВР.
Компанијата потврдува дека полциските службеници ја истражуваат нивната работа и порачуваат дека се подготвени да соработуваат со надлежните служби за сите информации и документи .
Како компанија, посветени сме на транспарентно работење и остануваме отворени за комуникација со институциите, медиумите и јавноста.Макстил поседува А-Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно оваа дозвола компанија подлежи наконтроли од регулаторот.Во интерес на точно дефинирање на состојбите Макстил ќе продолжи целосно да соработува со надлежните органи во текот на проверките–информираат од компанијата Макстил.
Инаку пред неколку месеци инспектори открија дека на плацот зад челичарницата „Макстил“ е поставена најлонска покривка врз мал дел од искинатите и оштетени џамбо-вреќи со филтерска прашина, за која што според инспекциското решение отпадот требало да се препакува, а не само да се покрие. Државниот инспекторат за животна средина во февруари извршил вонреден надзор и утврдил дека опасниот отпад се чува несоодветно, што претставува ризик за животната средина.
Претходно пред речиси две години Макстил, го тресеше и друг скандал кога турската Царина пронајде 800 килограми марихуана во камионите кои го превезуваа нивниот опасен отпад. Тогаш од компанијата демантираа дека имаат било каква врска со марихуаната и додадоа дека компанијата која го зема отпадот од Макстил се обврзува дека истиот ќе го продаде во земји каде е дозволен увоз и обработка на опасен отпад.
ноември 19, 2026


