Connect with us

Регион

Александар Чупиќ избран за претседател на Собранието на Србија

Александар Чупиќ, професорот од Сообраќаен факултет, е избран за нов претседател во српското Собрание, со 140 гласови на пратениците, наспроти 97 за противкандидатот Слободан Раденовиќ.

Претставникот на Студентската листа и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, официјално беше избран за претседател на Народното собрание на Република Србија. Со изборот на оваа функција, Чупиќ ја презеде и должноста на вршител на должноста претседател на Србија.

Новиот претседател на Народното собрание, Александар Чупиќ, им се обрати на пратениците откако беше избран, велејќи дека е време конечно да се врати достоинството на таа институција.

Тој нагласи дека ќе ја извршува својата должност во согласност со уставот и законот.

– Ве поканувам да направите сè што е во наша моќ за да го вратиме достоинството на овој Дом на законски начин и да водиме дискусии за достоинството на секој пратеник – рече Чупиќ. – Граѓаните очекуваат од нас да внимаваме на секој збор, а дијалогот и толеранцијата мора да станат форма на политичка култура за сите нас.

Тој истакна дека ќе инсистира на четири принципи во работата на парламентот: еднаквост, внимателност, учтивост и чувство на срам, кое е најмалку присутно.

Самиот се завети дека ќе ја почитува таа постапка со тоа што ќе му се извини на пратеникот Балинт Пастор, а исто така рече дека инцидентот пред Собранието, кога пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, бил несоодветен.

Чупиќ изјави дека му е жал што самите студенти не биле присутни во парламентот, односно била одбиена листата на предложени студенти за присуство во Парламентот, пред почетокот на оваа седница. Но, според него, работите се менуваат и ќе направи сѐ, на следната седница студентите „кои сега ја следат седницата на телевизор, да бидат присутни во собраниската сала“.

– Жал ми е што генералниот секретар, спротивно на нашиот договор од техничкиот состанок не го прифати списокот на студенти кои овде би присуствувале. Мене ми е жал ако тоа сам го одлучивте, а уште пожално ми е ако тоа го одлучил некој место вас – рече Чупиќ

Ad
Ad