Свет
Русија и Грузија го обновуваат директниот дијалог, соопшти руското Министерство за надворешни работи
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин и специјалниот претставник на Грузија за односи со Москва, Георги Зурабашвили, се сретнаа денеска во Минск, со што се одбележа продолжување на директниот дијалог меѓу двете земји, соопшти руското МНР.
Двајцата соседи немаат дипломатски односи од кратката војна во август 2008 година. Тбилиси ја отфрла одлуката на Москва да ги признае отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија, што Грузија ги смета за своја територија, како независни држави.
Зурабашвили минатиот месец беше назначен од премиерот Иракли Кобахидѕе за специјален претставник за односи со Москва.
„Разменивме мислења за широк спектар прашања од билатералната соработка, со акцент на трговската, економската, културната и хуманитарната соработка“, се вели во соопштението на руското МНР.
Двајцата претставници разговараа за регионалната безбедност, а руското министерство соопшти дека „се постигнати голем број практични договори“.
Критичарите на владата велат дека Грузија се приближила до Русија под власта на партијата „Грузиски сон“. Со население од околу 3,7 милиони, Грузија е официјално земја-кандидат за членство во ЕУ, но Брисел вели дека толку многу се повлекла во демократските реформи, па затоа нејзината кандидатура постои „само на хартија“.
ноември 20, 2026

