Connect with us

Скопје

Костовски: Автобусот 35 продолжува до Радишани – Општина Бутел ќе биде поврзана и со другиот дел од градот

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски соопшти дека процедурата за продолжување на автобуската линија 35 е завршена, со што овој автобус на ЈСП ќе продолжи да сообраќа до Радишани.

-Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски и директорот на ЈСП постигнавме договор за нејзино продолжување до Радишани. Деновиве ќе го презентираме новиот возен ред, а за неколку дена ќе биде пуштена пробна линија која ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани. Се надевам дека за продолжената линија ќе има голем интерес од граѓаните и дека таа ќе остане трајно решение, наведува Костовски на својот фејсбук профил.

Според него, со оваа мерка Општина Бутел преку јавниот градски превоз директно ќе биде поврзана со Општина Аеродром.

-Продолжуваме да работиме на подобра поврзаност и подостапен јавен превоз за жителите на општина Бутел, истакнува градоначалникот.