Connect with us

Ракомет

Чупиќ: Имавме шанса да дојдеме до изедначување

Ракометарите на Вардар по голема борба и во изедначен натпревар синоќа претрпеа пораз на гостувањето кај германскиот тим Мелсунген во првото коло од Лигата на шампионите со 33:31.

–  Беше добар натпревар од двата тима. Имаше неколку моменти кога можевме да го израмниме резултатот или можеби да поведеме. Атмосферата беше одлична и тоа доведе до заслужена победа за Мелсунген, изјави тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ по натпреварот.

Вардар во следното коло на домашен терен ја пречекува француската екипа Нант, а натпреварот се игра на 16.септември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.