Сцена
На 27-годишна возраст почина манекенот Пресли Гербер
Пресли Гербер, синот на познатата американска манекенка Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 27-годишна возраст, потврди претставник на семејството.
Според достапните информации, Гербер починал вчера во установа за рехабилитација во Лос Анџелес. Обдукцијата за утврдување на причините за смртта е во тек. Семејството моли за почит кон починатиот.
Пресли Гербер е роден во 1999 година како прво дете на брачната двојка. Својата манекенска кариера ја започна уште на 15-годишна возраст, потпишувајќи договор со престижната агенција „ИМГ Моделс“ (IMG Models), а во тек на својата манекенска кариера соработуваше со познати модни куќи, појавувајќи се на многу модни кампањи и фотосесии.
септември 21, 2026
