Connect with us

Хроника

Македонец уапсен во Грција по европска потерница за шверц на 35 килограми кокаин во 2007

При влез во Грција, на граничниот премин Евзони, во саботата бил уапсен 46-годишен македонски државјанин по кој италијанските власти имале распишано европска потерница поради случај поврзан со трговија со дрога во 2007 година, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, преку европската потерница италијанските власти бараат екстрадирање на 46-годишниот со цел да ја издржи казната што му била изречена за трговија со 35 килограми кокаин, а делото наводно било извршено во 2007 година, кога дрогата преку Шпанија стигнала до Неапол.

Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежното обвинителство во Солун, за да се спроведе потерницата и да започнат постапките за негово екстрадирање во Италија.