Connect with us

Кошарка

Пол Џорџ: Имаме суперѕвезда во Џејсон Тејтум, не сум тука да го украдам вниманието

Новиот кошаркар на Бостон, Пол Џорџ, на неговата прва прес-конференција откако се приклучи на Селтикс, зборуваше за својата улога во клубот и односот со најдобриот играч во тимто, Џејсон Тејтум.

– Имаме суперѕвезда во Џејсон Тејтум. Не сум тука да го украдам вниманието или да се обидам да се наметнувам како прва ѕвезда. Играв заедно со друга суперѕвезда на позицијата бек и претходно, и имавме одлична хемија заедно, нагласи 36-годишниот Џорџ.

Тој, исто така, истакна дека сега е целосно здрав и се чувствува одлично повторно.

– Чувствувам дека ги надминав проблемите со повредите и сега можам повторно да се откријам себеси и да се вратам во форма, додаде ветеранот во НБА-лигата.

Триесет и шестгодишниот Џорџ минатата НБА сезона имаше просек од 17,3 поени, 5,3 скока и 3,6 асистенции по натпревар.