Свет
ЕУ го деблокира заемот за Украина и се согласи за нови санкции за Русија
Земјите членки на Европската Унија се согласија да одобрат 90 милиони евра кредит за Украина и да воведат нови санкции кон Русија откога Унгарија го прекина своето повеќемесечно противење – изјавија неименувани дипломати од ЕУ за Германската новинска агенција (ДПА).
Финансирањето е наменето за покривање на најитните економски и воени потреби на Украина.
Земјите членки се согласија и за 20-тиот пакет-санкции за Русија, со цел да се изврши дополнителен економски притисок врз Москва.
Одобрувањето на кредитот за Украина беше пролонгирано поради спорот помеѓу Киев и Будимпешта за запрените испораки на руска нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, кој поминува низ Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека е завршена поправката на оштетениот дел од нафтоводот „Дружба“ и оти повторно ќе биде пуштен во употреба.
Кредитот за Украина и санкциите за Русија треба формално да бидат писмено одобрени од сите земји членки на Унијата, а се предвидува тоа да биде завршено до утре.
април 23, 2026

