Connect with us

Свет

Гутереш ги повика лидерите на COP31 да одговорат на предизвиците од климатските промени

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска ги повика лидерите кои учествуваат на Конференцијата COP31 во Турција да „одговорат на предизвиците“, во услови кога исклучително силниот феномен Ел Нињо се надоврзува на последиците од климатските промени.

„Влеговме во нов период на климатски екстреми. Исклучително силниот феномен Ел Нињо се судира со планетата која веќе е прегреана поради климатските промени предизвикани од човечкото дејствување“, изјави Гутереш во соопштение објавено пред отворањето на конференцијата на ОН за климата во Анталија.

„Лидерите мора да одговорат на предизвиците со побрзо намалување на емисиите, забрзување на праведната транзиција и напуштање на фосилните горива, како и со обезбедување финансиска помош и заштита за ранливите држави“, додаде тој.

На двонеделната конференција на ОН се очекува учество на претставници од околу 200 земји.

Самитот се одржува само неколку дена откако климатските научници предупредија дека 2026 година речиси сигурно ќе биде година во која глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степен Целзиусов во однос на прединдустрискиот период.

Домаќин на годинашниот самит е Турција, а со конференцијата ќе претседава министерот за животна средина, Мурат Курум.

Ad
Ad