Свет
Кина изгласа нов закон за Антарктикот
Кина донесе закон со кој ги заоструваат правилата за своите активности на Антарктикот и подетално се регулираат истражувањата на континентот.
Согласно новиот закон, за време на кинеските активности на Антарктикот, ќе мора да се заштитат животните и растенијата, правилно да се отстранува отпадот и да се спречи загадувањето на морето. Исто така предвидено е да се избегнуваат или намалат штетните влијанија врз животната средина. Издавањето дозволи за кинески истражувања, туризам, навигација и други активности ќе зависи од исполнување на низа еколошки, безбедносни и други услови.
Кина веќе две години има станица за следење на атмосферата на Антарктикот веќе две години. Таа служи за следење на промените и поддршка на глобалниот одговор на климатските промени.
Законот предвидува дека кинеските активности мора да ги заштитат животните и растенијата, правилно да го отстранат отпадот и да спречат загадувањето на морето. Исто така, бара избегнување или намалување на штетните влијанија врз животната средина. Издавањето дозволи за кинески истражувања, туризам, навигација и други активности ќе зависи од исполнување на низа еколошки, безбедносни и други услови.
Кина има станица за следење на атмосферата на Антарктикот веќе две години. Таа служи за следење на промените и поддршка на глобалниот одговор на климатските промени.
Кина е потписник на Договорот за Антарктикот, кој го дефинира континентот како научен резерват отворен за истражување и забранува воени активности. Таа е исто така потписник на Протоколот за заштита на животната средина од 1991 година, со кој се забранува рударството и истражувањето на нафта 50 години.
Кина, како и САД, ги засилува своите активности на Антарктикот и Арктикот за истражување на поларните ресурси. Официјалната цел на законот е да се промовираат кинеските научни истражувања, а истовремено да се заштити безбедноста на националните активности, имотот и другите интереси на Антарктикот.
ноември 7, 2026


