Connect with us

Свет

Уапсена поранешната турска министерка Каја под сомнение за злоупотреби на пазарот на капитали

Поранешната турска министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрагата за трансакции на пазарот на капитал под сомнение за кршење на Законот за пазари на капиталот и членство во криминална организација, објави денеска Обвинителството во Истанбул.

Каја е осомничена дека располагала со информации што би можеле да влијаат на цената на акциите на компанијата „Озата денизчилик“.

Таа купила акции од „Озата денизчилик“ во април, а ги продала на 16 септември, еден ден пред одлуката за ликвидација на фондовите.

Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера јатирим менкул дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден наместо во рок од два работни дена.

Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијас Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување до властите и забрана за патување.

Каја беше министерка од 2016 до 2018 година, а потоа беше пратеничка. Таа исто така беше и потпретседателка на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Каја кон крајот на септември поднесе оставка од партиската функција по обвинувањата за финансиски малверзации.

Ad
Ad