Connect with us

Фудбал

Алварез подготвен за дербито со Реал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објави дека напаѓачот Хулијан Алварез ќе биде достапен за мадридското дерби.

Натпреварот од 7. коло од Ла Лига помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе се одржи утре од 16:15 часот.

– Алварез ќе биде со нас. Ќе одлучиме дали ќе биде во почетниот состав или ќе се појави во второто полувреме, информира Симеоне за „AS“.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач ги пропушти претходните два натпревара на Атлетико поради мускулни проблеми. Тој продолжи со тренинзите со тимот на 18 септември.

Атлетико Мадрид е четврти на табелата во шпанското првенство со 13 бода. Реал Мадрид со 15 бода е на втората позиција.