Connect with us

Фудбал

Баерн во преговори за продолжување на договорот со Кејн

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, коментираше за иднината на напаѓачот Хари Кејн.

Фудбалерот е во клубот од Баварија од 2023 година. Договорот на 33-годишниот Англичанец со важност до јуни 2027 година.

– Клубот е во преговори. Имаме добар менаџерски тим во Макс Еберл, Кристоф Фројнд и Јан Дрезен – тие работат на ова. Го почитувам фактот дека ова ќе потрае. Најважно за мене е тој да се чувствува добро и да игра најдобро што може, изјави Компани за „Bayern&Germany“.

Кејн одигра 154 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 152 гола и 34 асистенции. Заедно со тимот од Минхен, напаѓачот двапати го освои германското првенство, германскиот куп и Суперкупот двапати.