Фудбал
Тухел ги враќа во репрезентацијата Александер-Арнолд и Палмер
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Томас Тухел го објави списокот од 27 фудбалери за натпреварите од Лигата на нациите. На списокот се наоѓаат и двајца фудбалери, кои го пропуштија Светското првенство: Трент Александер-Арнолд (Реал Мадрид) и Кол Палмер (Челзи).
Но, Тухел направи и изненадување со повикот упатен до фудбалерот на Ливерпул, Рио Нгумоха. Воедно тој е единствениот од редовите на „црвените“ на списокот на Тухел.
Англија во Лигата на нации игра во групата А3, а првиот дуел го играат на 26.септември против светскиот првак Шпанија на Вембли, потоа имаат гостување во Прага против Чешка, а на 3.октомври гостуваат во Риека кај Хрватска. Последниот натпревар го играат на 6.октомври дома со Чешка.
септември 19, 2026
