Connect with us

Свет

Полски авиони Ф-16 пресретнаа руски Су-30 над Балтичкото Море

Полски ловци Ф-16 пресретнаа два руски борбени авиони Су-30 над Балтичкото Море, изјави денеска заменик-министерот за национална одбрана на Полска, Цезари Томчик.

„Секое нарушување на безбедноста на Полска и регионот ќе биде пречекано со итен одговор од страна на НАТО“, напиша Томчик во објава на платформата Икс.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Република Полска појасни дека руските ловци не навлегле во воздушниот простор на земјата.

Претходно, во понеделникот, авиони на НАТО пресретнаа руски стратешки бомбардери и други воени летала над Балтичкото Море. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1