Connect with us

Забава

На натпревар за убавина на камили им инјектирале ботокс и хијалурон

Саудиската државна агенција објави дека дури 40 камили биле дисквалификувани од натпреварот за убавина што се одржува близу Ријад.

Фестивалот на камили во Саудиска Арабија го организира саудиското кралско семејство. Изборот за најубава камила трае еден месец и се одржува во пустината североисточно од Ријад. Жирито го избира победникот врз основа на обликот на главата, вратот, грпката и држењето на телото на животното. Дел од животните биле исфрлени од натпреварувањето затоа што, спротивно на правилата – им бил вбризган ботокс и хијалуронска киселина. Одгледувачите на камили се натпреваруваат за награден фонд од 66 милиони долари, објави „Гласот на Америка“.

Сите интервенции и козметички промени, коишто треба да ги направат камилите поубави, се забранети.

Оваа година, според тамошните медиуми, судиите шокантно откриле оти одгледувачите ги растегнувале носевите и усните на камилите, користеле хормони за да им ги зајакнат мускулите, со ботокс и хијалурон вбризгани во нивните усни и глави се сакало да им ги зголемат… А, надувувале делови од животинските тела и со гумени ленти.

Фестивалот на камили е замислен како екстравагантен настан којшто треба да ја зачува улогата на камилата во бедуинската традиција. Покрај натпреварот во убавина, вклучени се и трки со камили, пренесува „Би-би-си“, како и наддавање за животните кои се на продажба.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3