Connect with us

Забава

Робот полицаец патролира низ кинеските градови

Хуманоиден робот полициски сообраќаец почна да патролира на улиците во градот Вуху, на истокот на Кина. Опремен со униформа, флуоресцентен елек, бела капа и значка „Интелигентна полициска единица Р001“ роботот може гласовно да ги предупреди велосипедистите да користат патека за немоторизирани возила.

Според сообраќајниот полицаец Џијанг Зихао, тој е нов колега способен ефективно да помогне. Роботот е интегриран во градскиот систем за сообраќајни сигнали и може да извршува стандардни гестови на сообраќајни наредби, синхронизирани со светлата.

Со квалитетни камери и интелигентен систем за емитување глас роботот самостојно ги идентификува прекршоците на пешаците и немоторизираните возила, дава предупредувања на самото место и може да го следи недозволеното паркирање. Тој самостојно се движи до одредени локации и работи непрекинато, што ја намалува оптовареноста на полицијата, особено за време на сообраќајниот метеж или во екстремни временски услови. Минатата година и други кинески градови, како Ченгду и Хангџоу, воведоа роботи полицајци за патролирање со цел Кина да ја применува вештачката интелигенција во реалниот живот. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4