Connect with us

Свет

Зеленски: Трамп и Шји имаат доволно влијание да извршат притисок врз Путин за прекин на војната

САД и Кина имаат доволно моќ да го притиснат рускиот лидер Владимир Путин да стави крај на војната. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од „Укринформ“.

„Прво, сè започнува на бојното поле. Сите војни започнуваат таму и секој напредок кон мир е можен само ако има прекин на огнот на бојното поле“, посочи тој. Според него, сосема е јасно како тоа може да се постигне, бидејќи Кина и САД имаат доволно моќ за таа цел.

Имаат доволно влијание да го спречат Путин на една средба, истакна украинскиот лидер.

„Се разбира, ако Кина и Соединетите Држави воведат санкции, или дури и само кажат дека ќе ги воведат и ќе ја прекинат трговијата со Русија, тоа ќе стави крај на војната“, смета Зеленски.

Во Кина се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). Во рамките на форумот се одржива трипартитна средба меѓу лидерите на САД, Кина и Русија.

Ad
Ad