Забава
Италијански готвач добил отказ од австралиски ресторан откако одбил да става ананас врз пиците
Италијански готвач добил отказ од ресторан во Бризбејн, Австралија, откако одбил да става ананас на пиците, оценувајќи дека тоа претставува навреда за неговата култура.
Давиде Тамбурела бил отпуштен од ресторанот „Ла Коста“ (La Costa) во мај, а деталите за случајот станаа јавни откако тој се обратил до австралиската Комисија за работни односи.
– Тамбурела одбивал да става ананас на пиците бидејќи, како што објаснил, како Италијанец, смета дека тоа е навреда за неговата култура, се наведува во одлуката на Комисијата
Конфликтот кулминирал откако готвачот одбил да подготви пица со шунка и ананас за гостите на една прослава, истакнувајќи дека упатствата на раководството не мора да се почитуваат доколку ја навредуваат неговата култура.
Комисијата констатирала дека готвачот постојано одбивал да користи ананас при подготовката на пици. Во одлуката е споменат и инцидент од април, откако готвачот се самоповредил.
Меѓу другото, раководството на ресторанот, кој во меѓувреме е затворен, имало и други забелешки за однесувањето на готвачот како пцуењето, начинот на комуникација со колегите и, како што било наведено, сè поголемата фрустрација на работното место.
Ресторанот требало да му обезбеди постојан престој, но веднаш по инцидентот добил отказ и постапката била прекината. По ова Тамбурела поднесе жалба за неправедно отпуштање, која му била одбиена поради задоцнето поднесување.
ноември 7, 2026


