Забава
Норвежанец си правел пат за тракторот, па открил богатство старо над 1.000 години
Во јужна Норвешка, археолози открија богатство од времето на викинзите, старо повеќе од илјада години. На наоѓалиштето, откриени се четири големи сребрени нараквици, и тоа на длабочина од само 20 сантиметри, за време на истражување на земјиште каде што, случајно, земјоделец планирал да изгради пат за својот трактор.
– Ова е, без сомнение, најзначајниот настан во мојата кариера, изјави Фолкер Демут од Музејот за археологија при Универзитетот на Ставангер. – Ако жителите на имотот морале да бегаат од напад, логично е дека ги скриле своите вредни предмети пред да побегнат во планините… Бидејќи во тоа време во Норвешка немало рудници за сребро, овие предмети мора да дошле од друго место – преку трговија, како подароци или преку грабежи и походи, објасни истражувачот.
Како што пренесува „Сајенс Норвеј“ (Science Norway), богатството било скриено под живеалиште за робови. Истражувањата покажаа дека на ова место некогаш се наоѓал голем и моќен имот на викинзи, којшто опфаќал неколку објекти, наменети како за луѓе, така и за животни. Меѓу пронајдените предмети имало делови од садови, нитни, сечила и брусеви за острење алати. Археолозите открија и помал објект, каде што веројатно биле сместени робовите. Токму под подот на оваа градба било закопано среброто.
Археологот Ола Тенгесдал Лигре првично помислил дека пронашол обични бакарни жици. Дури по поподробна проверка сфатил дека, всушност, станува збор за сребро. Она што го прави ова откритие особено значајно е тоа што нараквиците биле пронајдени точно таму каде што викинзите ги оставиле – што е ретка појава.
Пронајдените нараквици наликуваат на сребрени ѓердани откриени во близина во 1769 година, па археолозите не ја исклучуваат можноста за поврзаност меѓу овие наоди. Истражувањето е во тек, а сребреното богатство ќе биде изложено во Археолошкиот музеј при Универзитетот на Норвежанец сакал да направи пат за тракторот, но открил богатство старо над 1.000 години што е можно поскоро.
Зошто викинзите го скриле богатството? Имотот и нараквиците најверојатно потекнуваат од 10. век – време на големи немири. Местото било стратешки поставено со поглед кон влезот во фјордот во близина, а истражувањата покажаа и дека во еден миг тоа место било во пламен
ноември 5, 2026


