Општини
Во Прилеп се одржа манифестацијата „Франкофонијата ги обединува срцата преку јазикот кон мир“
Изучување на францускиот јазик и понатамошни активности за економска соработка најави францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер при денешната посета на Прилеп. Тој присуствуваше на културно-едукативната манифестација што се одржа на платото пред Градскиот саат, насловена „Франкофонијата ги обединува срцата преку јазикот кон мир“. Ова е втора официјална посета на амбасадорот Ле Риголер на Прилеп.

– Една од темите кои ги споменавме со градоначалникот на Прилеп беше поддршката за изучување на францускиот јазик што е причината за која сум денеска во Прилеп. Особено ја спомнавме и темата за економска соработка околу која моментално се размислува за понатамошни активности. Околу денешната иницијатива, сакам да им се заблагодарам на учениците и на наставниците по француски јазик. Ние не сакаме да го наметнеме францускиот јазик,туку да покажеме дека е добро да се сочуваат странските јазици, зашто тоа придонесува за јазичност и културализам, изјави амбасадорот Кристоф Ле Риголер.
Прилеп е подготвен за продлабочувањето на соработката и по можност збратимување со град од Франција.
– Со вакви настани и популаризација на францускиот јазик и култура, покажуваме дека сме отворена Општина и сакаме да соработуваме со европските земји, особено со оние кои важат за добри дипломатии. Се надеваме на уште поголема соработка, особено за збратимување со француски град, рече градоначалникот Дејан Проданоски.

Учениците од основните и средните училишта во Прилеп кои го изучуваат францускиот јазик зведоа културно-музичка програма на француски јазик, поттикнувајќи ја културната соработка.
април 26, 2026

