Connect with us

Општини

Дирекција за радијациона сигурност на ГП Табановце реализира симулациска вежба

На 24 април 2026 година на граничниот премин Табановце успешно беше реализирана заедничка вежба во организација на Дирекцијата за радијациона сигурност.  Вежбата имаше за цел тестирање на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на институциите во случај на радијационен вонреден настан. Во активностите учествуваа претставници од Царинската управа, Граничната полиција, Институтот за јавно здравје, како и правни лица кои вршат транспорт на радиоактивен и нуклеарен материјал, се вели во соопштението на Дирекцијата за радијациона сигурност.

Преку реалистични сценарија беше извршена проверка на оперативните процедури, комуникацијата и меѓуинституционалната соработка. Вежбата овозможи идентификација на одредени аспекти за понатамошно унапредување, со цел зајакнување на системот за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.

Дирекцијата за радијациона сигурност ја нагласува важноста на ваквите активности како клучен сегмент во градењето на ефикасен и координиран одговор при потенцијални ризици. Истовремено, се потенцира значењето на континуираната обука и соработка помеѓу сите релевантни чинители.

Дирекцијата останува посветена на обезбедување висок степен на заштита на населението и животната средина, преку постојано унапредување на националниот систем за безбедност.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4