Свет
Трамп, Путин и Шји објавија заедничка декларација кон мирот: Нуклеарна војна не смее да има
Претседателите на САД, Русија и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џинпинг, се согласија за мировна декларација на трилатералната средба во Шенжен. Во документот, според Ројтерс, тројцата лидери потврдија дека нуклеарна војна никогаш не треба да се води.
Лидерите се заложија и за реформи во Обединетите нации, поголемо снабдување со нафтени деривати и почитување на имунитетот на државните функционери пред меѓународните судови. Трамп пред средбата најави дека на дневен ред се Украина и контролата на нуклеарното вооружување.
Во прилог декларацијата:
1. Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и САД се обврзаа да ги реформираат ОН за да можат Обединетите нации поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да се усогласат со својата темелна мисија за меѓународен мир и безбедност.
2. Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови.
3. Тројцата шефови на држави признаа дека принципот на согласност на државата и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од првостепено значење, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и другите слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата јурисдикција.
4. Тројцата шефови на држави повторно потврдија дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води. Трите земји ќе водат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.
Декларацијата ја објавија кинеската државна агенција „Синхуа“ и Кремљ. Ниту еден од тројцата лидери не даде изјава веднаш по средбата, јави Ројтерс.
ноември 19, 2026


