Connect with us

Економија

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции што ги реализираат домашните компании – соопшти Министерството за финансии (МФ).

Вкупната поддршка што Владата досега ја реализирала во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализацијата на приватните инвестиции и поддршка за економските активности. Во буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милиони евра. Првата транша од буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализира во март минатата година.

– Владата ги обезбеди средствата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници (домашните компании) по поволни услови, со каматна стапка од 1,95 отсто и рок на отплата до 15 години, со грејс-период до три години – наведува МФ. 

Ad
Ad