Connect with us

Регион

Спречен обид за внес на мобилни телефони во затвор во Северна Грција со дрон

Непознати лица се обиделе да прокриумчарат мобилни телефони во затвор во Северна Грција со помош на дрон, јавија грчки медиуми.

Според информациите, чувар забележал дрон како лета над затворскиот простор. Веднаш била вклучена тревога и по проверката било утврдено дека дронот носел пакет што содржел два мобилни телефони, јави државната телевизија „ЕРТ“.

Тоа не е прв случај со утврден обид за криумчарење мобилни уреди во истиот затвор на ваков начин. Во 2023 година, двајца вработени во затворот биле осудени за обезбедување мобилни телефони на осуденици за одредена цена, објави тогаш „Катимерини“. Оваа практика очигледно е ограничена, бидејќи затворениците се принудени да смислуваат сложени шеми за набавка на мобилни уреди, забележува медиумот.

Минатата недела, за време на проверка на камион што доставувал пекарски производи, чуварите пронашле пакет со четири телефони и полначи. 

Ad
Ad