Ракомет
Полскиот репрезентативец Јанковски останува во „Вардар“ до 2028
Македонскиот ракометен првак „Вардар“ денеска ја продолжи соработката со полскиот пивотмен Виктор Јанковски, кој потпиша тригодишен договор.
„РК Вардар со задоволство објавува дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи нашиот црвено-црн дрес. Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година“, се вели во клупското соопштение.
Јанковски дојде во Вардар пред стартот на сезоната 2025/26 од полскиот прволигаш Квиџин, а беше член и на гигантот Висла.
ноември 10, 2026


