Култура
„Јазични хоризонти: помеѓу световите“ – 13. годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи
Размената на професионални искуства и знаења, улогата на преводот и толкувањето во меѓународните односи, како и предизвиците со кои се соочува професијата во услови на забрзан технолошки развој биле теми на 13. годишна конференција „Јазични хоризонти: помеѓу световите“ на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија, која завчера се одржа во хибриден формат (во живо и онлајн) со учество на стручни и книжевни преведувачи и конференциски толкувачи од земјата.
-Програмата опфати и две панел-дискусии: за искуствата на македонските преведувачи и толкувачи кои живеат и работат во странство, како и за предизвиците на колегите вработени во Собранието, Владата и Министерството за внатрешни работи. Меѓу говорниците беа и Ручи Наитани од Индија, која зборуваше за улогата на толкувачите во дипломатијата и на високи државнички средби, и Далиа Дакик од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, која се осврна на суштинската улога на човекот во преводот во ерата на вештачката интелигенција, соопшти ЗПРМ.
Здружението на преведувачи и толкувачи е единственото професионално здружение во земјата кое обединува судски и книжевни преведувачи и конференциски толкувачи. Активно работи на унапредување на професијата, промоција на професионалните стандарди и поврзување на неговите членови со регионалните и меѓународните асоцијации.
ноември 10, 2026


