Connect with us

Фудбал

Стравувања на „Етихад“ – можно е заминување на фудбалерите

Репрезентативната пауза малку ја смири бурата околу одлуката на независната комисија за одлуката дека Манчестер Сити имал неправилности во финансиското работење. Според британски „Сан“ сега играчите би можеле да бараат раскин на договорите и да замина без обесштетување.

Правниот застапник смета дека постои реална можност за еднострано раскинување на договорите. Тој смета дека тоа е можно, но времето ќе покаже кој ќе се реши на таков чекор.

Во центарот на вниманието е Ерлинг Халанд, првата ѕвезда на тимот. Според „Сан“ играчите на Манчестер Сити, немаат клаузула за автоматски напуштање на клубот доколку испадне од Премиер лигата.

Но, не се само играчите тие што ја следат ситуацијата, туку и клубовите кои сметаат дека поради Манчестер Сити останале без трофеи или пак без настап во Лигата на шампионите.

Вкупната вредност на тие побарувања би можеле да бидат исклучително високи со милијарди фунти. Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем во 2024 година побараа да се почне со постапка.