Connect with us

Фудбал

„Десетката“ на Меси во Аргентина, некој ќе треба сепак да ја носи

Аргентина нема да може да ја повлече „десетката“, која долг период ја носеше Лионел Меси и тоа поради правилата на ФИФА и ќе мора да има нов сопственик.

Фудбалската федерација на Аргентина планираше да го повлече овој дрес по завршувањето на кариерата на Меси. Но, тука се појави еден технички проблем на големите натпреварувања репрезентациите мораат да имаат броеви од 1 до 26. Ова се однесува на Светско првенство и Копа Америка.

Меси на почетокот на својата репрезентативна кариера настапуваше со дресовите со број 18 и 19, додека играше Хуан Роман Рикелме, а откако тој ја заврши репрезентативната кариера Меси ја облече „10-та“.

Сепак на пријателски натпревари федерацијата може да одлучи никој да не настапи со бројот 10. Како што пренесуваат медиумите од Аргентина потенцијален наследник на „десетката“ би можел да биде Нико Паз.