Фудбал
Един Џеко ја заврши репрезентативната кариера
Легендата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. На дуелот од Лигата на Нациите против Шведска во Зеница Џеко одигра 63.минути кога беше заменет. Во моментот кога го напушташе теренот фудбалерите на двете репрезентации направија „шпалир“.
Тоа беше негов 152 натпревар за Босна и Херцеговина и постигна 73 гола.
– Срцето ми е полно. Заминувам среќен и благодарен на Вашата љубов кон мене. Во благодарам во името на моето семејство и моето лично име. Ве сакам, порача Един.
Настапите во репрезентацијата на Џеко оставија посебен белег во фудбалот на оваа репрезентација, стана заштитен знак, предводник и лидер на тимот.
Своето деби го имаше на 2.јуни 2007 година на натпревар против Турција во кој неговата репрезентација победи со 3:2, а Џеко беше стрелец на голот за изедначување на 2:2. Фудбалската кариера ја почна во Железничар Сараево, потоа настапуваше за Теплице (Чешка), Усти над Лабем (Чешка), Волфсбург (Германија), Манчестер Сити (Англија); Рома, Интер (Италија); Фенербахче (Турција), Фиорентина (Италија) и Шалке 04 (Германија).
Честитка за капитенот на Босна и Херцеговина упати и УЕФА.
октомври 3, 2026
