Фудбал
Зидан на првиот домашен натпревар одигра нерешено со Италија
Француската репрезентација по двете стартни победи на гостински терен синоќа пред своите навивачи на Стад Д ’Франс одигра нерешено 1:1 со Италија во дуел од Лига на Нациите. Ова воедно беше прв домашен натпревар за новиот француски селектор Зинедин Зидан. Мајкл Олисе повторно беше стрелец за Франција, која поведе со 1:0. Но, Алесандро Бастони изедначи на 1:1. Двата гола беа постигнати на стартот на вториот дел.
Франција дуелот го заврши си играч помалку откако Дајот Упамекано доби втор жолт картон – црвен во 87.минута.
На вториот дуел од групата Белгија ја совлада Турција со 3:0. Во групата Франција е прва со 7 бодови, пред Белгија со 6, Италија има 4, а Турција е без бод.
Ова беа дуели од сегментот А, а на другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Босна и Херцеговина – Шведска 1:1, Унгарија – Грузија 1:0, Полска – Романија 6:0 и Украина – Северна Ирска 0:3 (сегмент Б), Казахстан – Молдавија 1:0, Кипар – Ерменија 2:0, Летонија – Црна Гора 1:2 и Фарски Острови – Словачка 1:1.
Денеска се играат натпреварите: Хрватска – Англија, Шпанија – Чешка (сегмент А); Македонија – Шкотска, Швајцарија – Словенија (сегмент Б); Финска – Албанија, Белорусија – Сан Марино, Естонија – Луксембург и Исланд – Бугарија (сегмент Ц).
октомври 3, 2026
