Фудбал
Победа на Молдавија по две години
Фудбалската репрезентација на Молдавија оствари победа на гости против Казахстан во натпревар од Лигата на Нациите – сегмент Ц. Тие како гости остварија триумф од 2:1, а воедно ова беше победа по речиси две години и последниот триумф (1:0) против Андора остварен на 14.ноември 2024 година. Молдавија во овој период одигра 17 натпревари (официјални и пријателски) и претрпе 12 порази со 5 нерешени дуели.
Највисок пораз беше од Норвешка 11:1.
По триумфот над Казахстан, Молдавија е втора на табелата во групата заедно со селекциите на Словачка и Фарски Острови, додека Казахстан е последен со само еден бод.
октомври 3, 2026
